Силк Роуд Банка постави нов банкомат во Битола

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите клиенти од Битола и пелагонискиот регион дека поставен е нов банкомат на ул. Михаил Апостолски Дончо бр. 7, во склоп на СН Сообраќаен Центар.

Покрај новиот банкомат, за клиентите достапен е и банкоматот во експозитурата Битола лоциран на ул. Игнат Атанасовски бб (во склоп на Веро центарот).

Корисниците на American ExpressPoint дебитната картичка и понатаму можат да подигнуваат средства без дополнителни трошоци и провизии од сите банкомати од мрежата на Силк Роуд Банка и НЛБ Банка.


ПР објава