„Сине“ на тато: Мажите кои имаат ќерки живеат подолго?
Доаѓањето на бебе во животот дефинитивно го менува животот на мажите, неважно дали станал татко на син или ќерка. Но, многу истражувања покажуваат дека татковците стануваат понежни кога ќе им се роди ќерка и дека имаат посебна врска цел живот, како мајките со синовите. А, според најновите студии, односот татко - ќерка има уште една добра страна, татковците кои имаат ќерка живеат подолго од оние кои немаат женско дете.
Иако постојат некои истражувања околу тоа како раѓањето на детето влијае на здравјето и телото на таткото, истражувачите од Универзитетот Jagiellonian одлучиле да истражат подлабоко. Во анализата учествувале повеќе од 4310 луѓе (2147 мајки и 2163 татковци), а откриено е дека вкупниот број на синовите нема големо влијание на татковците, но бројот на ќерките е поврзан со долговечноста на татковците.
Студијата открила дека татковците кои имаат ќерка живеат подолго, а колку повеќе ќерки имаат толку животниот век им се зголемува, дури за 74 недели за секоја родена ќерка.