Сине, облечи униформа и оди: Синот на ерменскиот премиер оди во борба
Ситуацијата во областа Нагорно Карабах не се смирува. Ерменија и Азербејџан засилено се борат на таа територија. Има и жртви.
Сега, Синот на ерменскиот премиер оди во војна во областа Нагорно Карабах.
Сопругата на премиерот Ана Хакобиан вели дека нема ништо посвето од тоа да се даде животот за татковината.
Тоа го кажала во разговор со жените пратенички од Нагорно-Карабах, каде била на 27-ми септември.
Хакобиан ги повикала сите мајки и жени, ќерки и сестри да бидат силни и да не се плашат од ништо, објави „Sputnik".
Пред патот во Карабах, сопругот Никол Пашинјан и кажал дека нивниот единствен син Ашот оди во Карабах, затоа што е резервист. Ашот ги подготвил документите, а неговата мајка не го сопрела.
„Му кажав: „Да сине, облечи униформа и оди. Јас те обожавам, но нема ништо поплеменито од тоа да се даде животот за татковината". Не знаев каква ќе биде ситуацијата таму, дали ќе може да се слушнеме. Тој отиде ден подоцна, но јас и натаму стојам зад своите зборови", напишала Хакобиан на Фејсбук.
Министерството за одбрана на Азербејџан на 27-ми септември соопштило дека вооружените сили на Ерменија гарантирале места на линијата на разграничување во Карабах и дека меѓу жртвите има цивили и војници.
Според Министерството за одбрана на Ерменија, Карабах бил под воздушни и ракетни напади.
Ереван тврди дека Баку започнал офанзива во насока на Карабах.