Синот на Зоран Ѓинѓиќ ретко се појавува во јавноста: Паметен и впечатлив, а многумина велат дека личи на татко му

Фото: ERWIN ELSNER / AFP / Profimedia

Кој е синот на Зоран Ѓинѓиќ и како изгледа денес?

За атентатот на Зоран Ѓинѓиќ, поранешниот премиер на Србија, наскоро ќе почне да се емитува серијата „Сабја“. Зоран, чиј лик во серијата ќе го толкува познатиот актер Драган Миќановиќ, долго време беше во среќен брак со Ружица Ѓинѓиќ.

Како круна на нивната љубов се родија две деца - ќерката Јована и синот Лука. Јована е родена 1990 година, додека Лука е три години помлад.

Ружица и Зоран долго време важат за еден од најскладните парови на домашната јавна сцена. За жал, нивната семејна идила беше прекината со атентатот на Зоран Ѓинѓиќ во 2003-та година.

Има неколку слики од Јована и Лука со мама и тато од тој период, но оттогаш тие ретко се појавуваат во јавноста.


Според тамошните медиуми, Јована дипломирала на Факултетот за медиуми и комуникации во 2013-та година, а потоа магистрирала на Универзитетскиот колеџ во Лондон. Потоа беше ангажирана во Владата на Србија, каде беше во владиниот тим за социјална инклузија и намалување на сиромаштијата.

Синот Лука е „поголема непозната“ од неговата сестра. Јавноста ја имаше една од ретките можности да го види Лука релативно неодамна, кога тој се појави заедно со неговата мајка на годишнината од смртта на Зоран Ѓинѓиќ.


Лука, кој според многумина личи на својот татко, оваа година ќе го прослави својот 31 роденден. Како што претходно пишуваа тамошните медиуми, многумина мислеа дека Лука ќе тргне по стапките на својот татко.

View this post on Instagram

A post shared by (@zoran_djindjic)


Имено, тој влезе и дипломираше на Факултетот за политички науки, па можеби беше логично да се мисли дека ќе влезе во политиката, но тоа не се случи до денес.

Извор: глориа.рс