Сите беа против нивната љубов освен таа: Која е ќерката на Бриџит Макрон?
Освен што е десна рака на првата дама, најмладата ќерка ја брани својата мајка во секоја ситуација. Најгласна беше кога јавноста ја коментираше 24-годишната разлика помеѓу нејзината мајка и нејзиниот очув. Сигурна дека станува збор за вистинска љубов, Тифен не се грижи за негативните мислења, бидејќи се восхитува на нејзината мајка Бриџит.
Тифен Аузиер има 38 години и е најмладата ќерка на француската прва дама, Бриџит Макрон. Таа е адвокат и една од погласните застапници на политиката на нејзиниот очув, кој е шест години постар од неа. Иако нејзината мајка баш поради Емануел Макрон го остави нејзиниот вистински татко, се чини дека нејзините деца за тоа не и замеруваат.
„Не сакам да им придавам значење на љубоморните испади на луѓето, но навистина ми е неверојатно дека во Франција во 21-ви век зборуваме за такви работи. Вакво нешто не би било чудно ако мажот е постар, па мислам дека ова воопшто не е соодветно ", изјави Тифен откако нејзината мајка стана прва дама.
Згодната Тифен е лојална на едноставните парчиња, и како и својата мајка обожава тесни фармерки. „Помалку е повеќе", е мотото на кое тие се верни.
Кога љубовта на нејзината мајка Бриџит и претседателот на Франција дојдоа до највисоки критики, нејзината ќерка беше многу сигурна дека тоа секогаш била вистинска љубов. Францускиот претседател и неговата сопруга Бриџит предизвикаа скандал кога се заљубија: тој имаше 16 години, а таа 40 и му беше професорка, но нивната врска беше посилна од општествените предрасуди.
„Ако морам да опишам како изгледа мојата визија за вистинска љубов, тогаш тоа ќе бидат Емануел и мама. Кога се заедно, за нив не постои ништо друго ", вели Тифан Аузиер која со својот партнер, гастроентерологот Антоан Шотеаум има две деца.