Сите го чекаа ова: Џенифер Лопез и Бен Афлек во прегратка. Бакнежите кажуваат повеќе од 1000 зборови

И повторно Бенифер! Беа долго време заедно, па патиштата им се разделија, секој на своја страна, со нови партнери и деца, но се чини дека љубовта е посилна од се! И тоа го докажуваат Џенифер Лопез и Бен Афлек. Пријателите кои ги познаваат велат дека таква љубов се раѓа многу ретко, љубов која може да ги надмине сите препреки. Ги споредуваат со Елизабет Тејлор и Ричард Бартон кои два пати се разведоа и два пати правеа свадба.

Уште откако беше откриено дека пред неколку месеци Џенифер Лопез и Бен Афлек ја обновиле љубовната врска, папараците правеле се за да ги фотографираат за време на размената на нежности.

Сепак, досега тие не беа во можност да го сторат тоа.

За потсетување, папараците ја снимија двојката додека возеа заедно, на аеродромот, покрај базенот и откако гледаа филм во кино, каде пејачката и актерот беа претежно далечни едни од други, или само во еден случај беа прегрнати.


Сепак, во текот на денешниот ден, фотографите успеаја да го овековечат моментот кога Бен страсно ја бакнува Џенифер, што предизвика ентузијазам кај целиот свет.

Инаку, Лопез и Афлек беа на романтична вечера и во еден момент се препуштија на страсти, не знаејќи дека тие се мета на секогаш будното око на папараците.

Извор/Фото: светплус.рс