Сите од душа го мразеа строгиот професор, но сè се промени кога открија за неговиот таен живот
Овој професор не беше популарен кај неговите студенти, напротив повеќето го сметаа за многу строг и нечувствителен. Но, сè се смени кога ја открија неговата „тајна“.
Им О’Конор е наставник по математика во средното училиште Сент Луис, Франсис. Тој не беше баш омилен меѓу учениците, дури призна и самиот О’Конор.
Тогаш ученик во средно училиште, Пет МекГолдрик, кој исто така не го сакал својот професор, ја открил неговата друга страна и неговиот таен живот, пишува „Little Things“.
Имено, додека МекГолдрик помагаше во организирање на доброволно дарување крв за Детската болница во Лос Анџелес, болничкиот персонал се собра околу него и сите го прашуваа за неговиот професор, зборувајќи за него како благородна и хумана личност.
За младиот човек, сè што слуша немаше многу смисла. Тој не разбра како неговиот професор во болницата се смета за добродетел.
Сепак, сè се смени кога виде плакета со имињата на оние кои дарувале најмногу крв. Го имаше и името на неговиот професор. Се покажа дека „бесчувствителниот“ професор по математика донирал рекордни количини на крв.
Но, тоа не беше сè. 20 години, три дена во неделата, О'Конор оди во болница да им помогне на новороденчињата чии родители се спречени да доаѓаат во болницата. Студентот остана во целосно неверување кога сфати дека зад студената "фасада" на неговиот наставник по математика лежи најљубезен и најчувствителен човек што некогаш го познавал.
извор:Avaz