Сите се прашуваат како им успева: Втора земја по број на население, со неверојатно ниска стапка на смртност од КОВИД-19
фото: ЕРА
Извештаите на светските медиуми за состојбата со коронавирус во Индија се мешавина на олеснување и конфузија, јавува Би-Би-Си, цитирајќи ја „мистеријата за ниската стапка на смртност во Индија“ од Ковид-19.
Скоро два месеци по првиот регистриран случај, бројот на заболени од коронавирус во втората најнаселена земја во светот е надминал 27.000, со повеќе од 800 смртни случаи.
825 потврдени смртни случаи на имало на 25 април, а половина од тој број е пријавен на 16 април.
Многу здравствени работници и лекари велат дека „заклучувањето“ на Индија, кое траело повеќе од еден месец, може да го задржи под контрола бројот на заразени и жртви.
Други веруваат дека главно младата популација во Индија придонесува за намалување на смртните случаи, бидејќи постарите луѓе се изложени на зголемен ризик од смрт.
Некои веруваат дека е можно дека помалку заразувачки вирус е присутен во Индија, и дека топлото време ја намали неговата моќ. Сепак, и двете овие тврдења не се потврдени со докази.
Всушност, лекарите кои лекуваат КОВИД-19 пациенти велат дека вирусот во Индија е исто толку вирулентен како и на други места во светот.
Затоа, на прашањето дали Индија е невообичаена кога станува збор за смрт од вирусот, индиско-американски лекар и онколог Сиџарт Мукерје вели дека е мистерија.
„Мистерија е, а јас би рекол дека не правиме доволно тестирање“, вели овој доктор.
Исто така, БиБиСи потсетува дека анализата на „Фајненшл тајмс“ за вкупниот број на смртни случаи за време на пандемија во 14 земји покажа дека бројот на смртни случаи од коронавирус може да биде скоро 60 проценти поголем од официјалните бројки.
Исто така, експертите посочуваат дека околу 80 проценти од смртните случаи во Индија се случуваат дома, така што само броењето на смртните случаи во болниците не дава точна бројка на смртни случаи од „Ковид-19“
Некои индиски лекари објавија дека многу луѓе умираат од коронавирусни симптоми, без да бидат тестирани.
Ако некое лице имало треска и респираторни проблеми пред смртта, може да биде КОВИД-19, но може да е и нешто друго.
Во Индија може да има смртни случаи на корона, кои не се регистрирани, но стапката на смртност е неверојатно ниска. Сепак, рано е да се каже дека земјата го намали трендот, посочува Би-Би-Си.