Полицајка се сликала полугола во униформа, по што внатрешна контрола отворила дисциплинска постапка.
Таа се сликала полугола во униформа и фотографија ја објавила на социјалните мрежи, а Одделот за внатрешна контрола поведе дисциплинска постапка против неа.
Иако заматени, на фотографијата се гледаат ознаките на полицијата.
Полициската службеничка е Виолета Галева, која е вработена во министерството пред 11 години, односно во јануари 2009 година, пишува А1он. Таа работи во Одделот за гранични работи и миграции, односно, во сектор за гранична контрола и поддршка, при единицата за странци и реадмисија.