СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Нацистички генерал, работел во БНД по војната како разузнавач од 1955-1967 година!

Нацистичкиот генерал, близок соработник на Ајхман, работел мирно во разузнавачката служба на Западна Германија

Ова е откриено во архивите на западногерманската служба БНД, што покажува дека генералот на СС кој командувал со Гестапо во Виена бил вработен во БНД од 1955 до 1967 година и бил заштитен од можни судски постапки.

Франц Јозеф Хубер, одговорен за депортацијата на десетици илјади австриски Евреи и близок соработник на Адолф Ајхман, бил вработен по Втората светска војна и работел мирно во западногерманската разузнавачка служба, откри во вторникот германскиот јавен телевизиски канал АРД.

Поранешен полицаец во Минхен, Хубер стана началник на нацистичката тајна полиција во Виена веднаш по германската анексија на Австрија во 1938 година, и тој ја извршуваше оваа функција до 1944 година.

Тој исто така беше одговорен за депортација на десетици илјади австриски Евреи во нацистичките логори на смртта.

За време на Втората светска војна, биле истребени вкупно 65.000 австриски Евреи, главно од Виена.

Така, Хубер работел рака под рака со Адолф Ајхман, кој се смета за организатор на истребување на Евреите во Европа.

Ајхман, кому му се судеше за злосторства пред само 60 години, во Ерусалим, особено работеше на формирањето на „Централната агенција за еврејска емиграција“ во Виена.

По поразот на нацистичкиот Трет рајх во 1945 година, Американците го уапсија Хубер и го ослободија во 1948 година.

Тој генерал на СС, според АРД, се покажал како „кооперативен“ со сојузничките сили.

Така избегнал гонење за воени злосторства и злосторства против човештвото.

„Студената војна (со Советскиот Сојуз) беше неизбежна и тие (Американците) првенствено бараа тешки антикомунисти“, изјави за АРД ТВ, Бодо Хеелхамер, историчар за работите на БНД. 


„За жал, премногу често ваквите типови беа барани и пронаоѓани кај поранешните нацисти.

По пензионирањето во 1967 година, Франц Јозеф Хубер се пензионира како германски државен службеник и продолжи да работи во компанија за канцелариска опрема.

Живееше мирно, под свое име, и почина во Минхен во 1975 година, на 73-годишна возраст.

БНД „точно знаеше дека Хубер не е ситен убиец во Гестапо, туку генерал на СС кој дејствуваше во најдлабоките кругови на нацистичкиот терористички апарат и беше одговорен за смртта на десетици илјади Евреи и противници на режимот“, вели историчарот Стефан Мининг, кој ги проучувал архивите на разузнавачките служби на Западна Германија.


Фото: Reuters

Видео: Youtube