Забава // Занимливости
Скопјанец ја малтретирал сопругата: Ја гризел и бркал во влез
- 06 Октомври, 2023
Основното јавно обвинителство предложи притвор за Скопјанец кој во континуитет психички и физички ја малтретирал сопругата со која се разведува. Последната информација е дека пред три дена ја нападнал пред зградата во која жртвата живее во Кисела Вода во присуство на нивната двегодишна ќерка, по што таа морала да се крие и да бара помош од соседите.
Осомничениот веќе имал судска забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство врз оштетената, да ја малтретира, телефонира, вознемирува, контактира или на друг начин директно или индиректно да комуницира со оштетената, забрана да и се приближи на растојание помало од 100 метри од нејзиното живеалиште, работното место или определено место кое го посетува жртвата.
Подетално на Фактор тука.