Скриената божица - откриена тајната на античкиот египетски саркофаг
Научниците имаат намера да продолжат со истражувањето на она што го пронашле во ковчегот, со цел да дознаат повеќе за историјата на мумиите.
Британските конзерватори кои работат на египетска мумија стара 3.000 години дојдоа до епохално откритие, пренесува „Дејли меил“. Мумијата би требало да изложена во Градскиот музеј во Перт, Шкотска.
Според весникот, истражувачите откриле кога ја подигале мумијата од саркофаг за која се верува дека е се остатоци од свештеник или принцеза Теба, за прв пат по стотици години откриле насликани фигури на египетска божица на внатрешноста и надвор од ковчегот.
„Бевме изненадени кога ги видовме сликите. Никогаш немавме причина да ја кренеме мумијата толку високо за да го видиме дното на ковчегот и никој досега не ја крена мумијата пред тоа или очекуваше да најде нешто под неа. Наоѓањето слики на двете површини е вистински бонус и е нешто необично што можеме да го споделиме со јавноста “, рече д-р Марк Хол, директор за колекција на музјот.
Сликите веројатно ја отсликуваат античката египетска божица Иментет,заштитничка на починатите.
Научниците имаат намера дополнително да ги проучуваат овие слики за да се обидат да донесат нови информации во врска со историјата на мумијата, за која се верува дека датира од 760 до 525 година пред нашата ера.