Кеопсовата пирамида е искривена, Египќаните си дозволиле грешка

Кеопсовата пирамида е изградена пред околу 4500 години и е конструирана со мали грешки.

Кеопсовата пирамида во Гиза  е едно од седумте светски чуда, но не е идеална. Основата на пирамидата е малку искривена, бидејќи градежниците направиле грешка.

Западната страна на пирамидата е малку подолга од источната. Иако разликата  е минимална, таа е доволно голема за да биде откриена при истражување на научници.

Основата на пирамидата не е идеален квадрат. Кеопсовата пирамида е  најголемата во Гиза. Првично била наредена со варовник, но поголемиот дел од него недостасува.

Се смета дека пирамидата била изградена како гробница за фараонот на четвртата египетска династија, Кеопс, и се градела во период од 14 до 20 години. Пирамидата останала највисока градба во светот изградена од човек.