Куќата на актериката Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик во Бриџхемптон е направена во викторијански стил ...
Популарната холивудска двојка, Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик, поседуваат неколку „весели“ домови внатре и надвор од Њујорк.
Оваа шармантна викенд куќа се наоѓа во Бриџеммптон, близу Њујорк, а сепак е доволно далеку од метежот и вревата на овој голем град. Долгогодишниот пријател, Ерик Хјуз, им помогна во дизајнот на ентериерот.
Со својот син и ќерки близначки, тие уживаат во оваа удобна и светла куќа, која е опкружена со природа и зеленило.
Прекрасно уредената градина со зелен тревник и дрвја им дава одлично бегство од сивиот и раздвижен град.