Слава во домот на Тони Цетински! Пејачот сподели убави вести-честитки доаѓаат од сите страни!

Хрватскиот пејач Тони Цетински е активен на социјалните мрежи, а на својот профил на Инстаграм објави заедничка фотографија со сопругата. Пејачот со емотивна порака сподели со јавноста дека и пред Бога ѝ се заколна на неговата избраничка на вечна љубов. 

- Секое добро што го имаме или го правиме може да потекнува само од Бога кој е само Добар. Исто така, љубовта, ако сака да биде вистина, мора да потекнува од Божјата љубов. Редовното посетување света миса и примањето на телото Христово не‘ тера да станеме нови луѓе, христијани. Тогаш нашата љубов е поблиску до вистинската љубов што ја гледаме дека Христос ја има за нас. Ние самите немаме сила да сакаме засекогаш, но со моќта на благодарност, можеме да сакаме надвор од човечките димензии. Затоа, повикот што сопружниците го наоѓаат во Свети Павле, кој зборува за смрт на крстот, кој продолжува со благодарност, има смисла. Мажи, сакајте ги своите жени како што Христос ја сакаше Црквата и се даде за неа - се наведува во објавата на Тони на социјалната мрежа Инстаграм.


Да потсетиме, Тони неодамна стана дедо, а радосната вест ја сподели на социјалните мрежи.

- Се роди внуката Елена. Честитки за мама Нина и тато Кристијан. Те сака Ноно Тони, сонце на мојот живот Елена. Што да кажам? Немам зборови. Децата се сонцето на нашите животи на кои мора да посветиме посебно внимание во овие луди времиња - напиша пејачот.


Фото: Инстаграм/Тони Цетински