Славниот фудбалер важеше за најгрдиот играч на светот, отиде на клиника и направи чудо

Најочигледната трансформација на лицето ја направи Хектор Херера, сега искусен мексикански играч од средниот ред, кој долго време беше етикетиран како најгрдиот фудбалер на светот.
Херера поради ушите имаше многу навреди и исмејувања од сопствените соиграчи. Дури и неговиот поранешен клуб еднаш го исмејуваше со шеговит тон при претставувањето на играчите пред новата сезона.
Токму поради оваа причина Мексиканецот реши да го промени својот изглед во 2018 година по Светското првенство. Отишол на лекар и направил чудо.
Херера го реши проблемот со „крилестите“ уши, кои сега се веднаш до главата, а направи и мали корекции на носот и некако стана поинаква личност.
Свесен за реакциите, тој самиот излезе со соопштение дека е опериран и рече дека по операцијата дише многу полесно отколку што беше случај претходно.
Инаку, неговиот изглед никогаш не ѝ пречел на Шантал Мајо, неговата долгогодишна девојка, а потоа и сопругата бидејќи се во врска 13 години.
Шантал беше со него во неговите најсреќни и најтешки моменти. Досега имаат две деца, 10-годишниот син Дејвид и шестгодишната ќерка Валентина.
Овој фудбалер кариерата ја започна во Пачука, а Порто го донесе во Европа во 2013 година за 11 милиони евра. По речиси една деценија играње на Стариот континент, летово се врати поблиску до својот дом бидејќи стана член на американскиот Хјустон.
Долги години е претставник на својата земја. Со Ел Три играше на три светски првенства, а често ја носи и капитенската лента. На 105 настапи постигна 10 гола.