Слетувањето на авион како туристичка атракција: На островот кој често го посетуваат Македонци

Туристите на Скијатос покрај убавите плажи имаат и друга необична туристичка атракција.

Голем дел од нив стојат и чекат да слета некој авион на аеродромот во Скијатос, бидејќи буквално како да им слетува над глава.

Туристите големи и мали, наоружени со камери, телефони, фотоапарати, стојат пред аеродормот и чекаат некој авион да слета да можат да направат убави фотографии, но и да го почувствуваат и тоа чувство, слетувањето на авион од близу.

Оваа несекојдневна туристичка атракција пред 2 години оддува момче 10 метри, но за среќа момчeто помина само со мали повреди.