Словенија: “Вирусот ни е увезен“ тврдат словенечките медиуми
Во Словенија, по потврдените пет нови коронавирусни инфекции во последните со тестирање на 715 лица, што е најголем број на нови дневни инфекции во последните неколку недели, според словенечките медиуми, во овие случаи станува збор за „увезување“ на вирусот од странство, или заразување на словенечки државјани кои живееле во странство, а сите контакти со идентификуваните пациенти се ставени во карантин и под епидемиолошки надзор.
Ова се 4 заразени лица во градот Јесенице и еден случај во Љубjана, објави словенечката влада.
Поради случајот на медицинска сестра, чиј коронавирус беше потврден во петокот, одделот за гастроентерологија на општата болница во Јесенице беше привремено изолиран, но потоа беше објавено дека тестовите на околу 20 пациенти кои останале во тој оддел и 40 вработени покажале негативен резултат за новиот коронавирус. Карантин во траење од 14 дена им беше наметнато и на учениците во едно одделение во основно училиште на кое присуствуваа ќерка на заразена медицинска сестра, исто така во Јесенице.
Инаку, Словенија е првата европска земја која прогласи крај на пандемијата.
Словенечката влада донесе одлука граѓаните што патуваат од нашата држава да бидат сместени во 14-дневен карантин.
Одлуката важи и за државјаните на Словенија што патуваат од земјава.
„Поради влошената епидемиолошка состојба во Северна Македонија, на сите лица што влегуваат во Словенија од Северна Македонија и имаат постојан или привремен престој во Северна Македонија одреден им е карантин во траење од 14 дена, без оглед на државјанството или престојот“, образложија од словенечката влада.