Случајно, или пак не: Пратеник како од мајка роден се појави на Zoom со парламентот (ФОТО)
Фото: Wyld Adrian/ABACA/PIXSELL
Вилијам Амос, кој е претставник на областа Понтеак во Квебек
од 2015 година за Либералната партија, целосно гол велзе во кадар за време на состанок преку
Интернет, неговата машкост беше покриена со мобилен телефон што го држеше во
раката.
Канадскиот пратеник се појави како „од мајка роден“ на виртуелниот состанок на Долниот дом на канадскиот парламент одржан преку апликацијата Зум.
Liberal MP William Amos flashes the nation by appearing in front of the House of Commons, live, while buck naked. pic.twitter.com/8kcB2gvNV7
— Keean Bexte (@TheRealKeean) April 14, 2021
Фотографијата од голиот пратеник се прошири на Интернет, иако состанокот не беше отворен за јавноста и го следеа само членови на парламентот.
Амос веднаш се извини за „несреќната грешка“.
- Снимањето беше случајно започнато додека се пресоблекував во деловна облека откако се вратив дома од трчање. Искрено им се извинувам на моите колеги за ова ненамерно одвлекување внимание. Настана грешка и нема да се повтори, објави пратеникот.
Фото: Твитер