Смена на тронот- Виена во аут: Ова е најдобриот град за живеење во светот
Откако три години по ред беше прогласен за најдобар град за живеење, Виена излезе од првите десет и сега е на 12-тото место, според рангирањето на „Одделот за економско истражување“ на „Ди Економист Груп“(Еconomic Intelligence Unit - EIU ).
Окланд во Нов Зеланд е прогласен за најдобар град за живеење, по што следи јапонската Осака, додека трет е Аделаида во Австралија.
Последен пат Окланд беше меѓу најдобрите 10 града во 2017 година, кога се најде на осмото место, позиција која годинава Мелбурн ја дели со Женева, a во 10-те најдобри градови влезе и Велингтон.
Виена падна на 12-то место, а на крајот од списокот повторно е сирискиот Дамаск, пренесува Танјуг.
Европските метрополи беа особено погодени од падот. Повеќето епидемиолошки затворања и оптоварувањето врз здравствениот систем беа поголеми отколку во другите делови на светот.
Поради тоа, само два европски града беа меѓу првите десет. Така, Цирих и Женева се седми и осми на списокот.
За споредба на квалитетот на животот, британското списание „Економист“ зема во предвид 140 градови низ светот секоја година.
Во рангирањето се зема предвид здравствениот систем, образованието, културата, инфраструктурата, но исто така и социјалното осигурување, политичката стабилност и стапката на криминал.