СНИМЕН МОМЕНТ КОГА ЛЕПА БРЕНА ЈА скрши НОГАТА- Еве што и како се случи

Лепа Брена доживеа несреќа на концерт во Арена Загреб, кога ја скрши ногата откако камерманот падна директно врз неа.

Имено, Брена се повреди за време на концертот, а токму тој момент го снимил човек од публиката.

Тој момент погледнете го ОВДЕ

Соопштуваат од организацијата на концертот на Брена

Почитувани, ја известуваме почитуваната јавност дека за време на синоќешниот трет концерт на Лепа Брена во Арена Загреб, се случи несреќа поради која омилената регионална ѕвезда утрово го оперираше зглобот. Операцијата е успешно извршена, а пејачката се чувствува добро.

- Несреќата се случила кога член на техничката екипа случајно паднал, при што се здобил со полесни повреди, токму во моментот кога Лепа Брена го чекала своето појавување пред публиката, при што ја повредил. И покрај големата болка, Лепа Брена уште еднаш покажа неверојатна професионалност, и беспрекорно и до крај изведе многу напорен концерт, носена од еуфоријата на публиката и желбата да не ги разочара своите фанови. Овој храбар чин е само уште еден доказ за нејзината големина, посветеноста на музиката и љубовта кон нејзините фанови.

- Поради процесот на опоравување, а по препорака на лекарот, се одложуваат најавените концерти што требаше да се одржат денеска, 10 и 16 декември, во Арена Загреб. Купените билети ќе важат и за новите датуми, за кои подоцна ќе ве информираме, додека на оние на кои не им се допаѓаат новите датуми ќе им биде целосно вратен износот.

Во име на Лепа Брена, нејзиниот тим и организаторите ви благодариме за разбирањето и поддршката!

Да потсетиме, Лепа Брена требаше да одржи пет концерти во Загреб во Арената.

- Ќе пееме во Загребска Арена се додека не исполниме се во салата. Секако, тоа ќе го направиме со некои паузи. Тоа време кога постигнував рекорди, тоа беше помеѓу 1982 и 1990 година. Секој ден имавме 31 последователен настап. Потоа, 17 дена пеев во Сава центар... На оваа возраст верувам дека не треба да бркаме повече рекорди, ниту да бркаме пари. Сакам да работам добро, да уживам, да не се преоптоварувам. Може да направиме два концерта по ред, а потоа следниот ден да има пауза, да се ресетирам. Ни помладите околу мене не можат да го издржат тоа темпо. Сериозен маратонец сум, како што гледате, колку години работам... И професионалец - изјави Лепа Брена пред концертот за хрватските медиуми.

Се огласи и Брена: