Снимен точниот момент кога коронавирусот ја напаѓа клетката и ја инфицира
Додека истражуваа како да го реплицираат вирусот, бразилските научници снимија неверојатни фотографии од нападот на коронавирус со помош на електронски микроскоп.
Експертите од Институтот Освалдо Круз (IOC / Fiocruz) го фатија точниот момент кога вирусот САРС-КоВ-2 зарази човечка клетка. На првата фотографија (слика подолу), гледаме како коронавирусните честички во форма на насобрани црни точка се држат до клеткатаи се обидуваат да навлезат во клеточната мембрана.
На втората фотографија (слика подолу), забележуваме дека коронавирусот продира во клетката за да стигне до цитоплазмата, основна супстанција која ги исполнува клетките, која ги содржи сите органели важни за животниот век на клетките, но и протеини, витамини, јони, нуклеински киселини, аминокиселини, шеќери. јаглехидрати, масни киселини, итн.
На третата фотографија (слика подолу) можеме да ги видиме честичките на вирусот што навлегоа во клетката. На пример, можеме да ги видиме во долниот лев агол како збир на црни точки во бел круг.
Последната фотографија (слика подолу) покажува како честичките на вирусот САРС-КоВ-2 ја напуштаат внатрешноста на клетката и се движат кон друга здрава клетка, продолжувајќи го циклусот на инфекција. Темните честички на вирусот можат јасно да се видат надвор од клетката во долниот лев агол.