Сними мистериозно суштество на плажа, локалното население предупредува: „Тоа е убиец на кучиња“

Мистериозно суштество на плажа недалеку од австралискиот Перт заврши на социјалните мрежи, а лицето кое го сними, ги замоли луѓето да му ’помогнат да ја идентификуваат„ оваа работа што изгледа како суштество од друга планета “.

Фотографијата е направена на Лејтон Бич, а локалното население веднаш одговорило, нарекувајќи го необичното суштество „убиец на кучиња“ и предупредувајќи дека испушта отров што може да биде фатален за најдобриот пријател на човекот, пренесува Дејли Меил.

Научниците наскоро ја решиле мистеријата и откриле дека станува збор за морски зајак, што е доста честа појава во Австралија. Обично се со големина од дваесет сантиметри, но можат да достигнат и до 14 килограми.


Тие немаат природни непријатели заради токсините што ги излачуваат кога се чувствуваат загрозени, но и заради нивната маскирна способност.

Професорот на универзитетот Мекквари, Кулум Браун, предупреди дека тие навистина можат да бидат смртоносни за кучињата.

„Кучињата честопати ги лижат или се обидуваат да ги јадат и на тој начин можат да се отрујат“, рече тој за Australian Geographic.