Иако велат дека најголемото
количество на собран комунален отпад (99.7 %) се исфрла на депонија, сепак секојдневно гледаме многу ѓубре
скоро на секаде околу нас. Таква ни е културата, а ова се официјалните бројки:
Според податоците на Државниот завод за
статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Република Северна
Македонија во 2019 година изнесува 632 484 тони. Споредено со 2018 година,
вкупното количество на собран комунален отпад во 2019 година бележи зголемување
од 1.1 %. Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во
Скопскиот Регион – 164 971 тон или 26.1 % од вкупното собрано количество во
Република Северна Македонија. Од вкупното количество на собран комунален отпад,
522 983 тони или 83 % се собрани од домаќинствата, а останатите 17 % од правни
и физички лица (комерцијален отпад). Според видовите отпад, најголемо
количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад – 542 664 тони или 85.8
%, а најмало количество отпадот од гума – 778 тони или 0.1 % од вкупното
количество собран комунален отпад. Вкупното количество на создаден комунален
отпад во Република Северна Македонија во 2019 година изнесува 915.943 тони.
Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2019 година
изнесува 456 кг по жител, што е за 10.7 % повеќе од истото количество во 2018
година. Најголемото количество на собран комунален отпад (99.7 %) се исфрла на
депонија. Извор: Државен завод за статистика