Со оркестар пред суд: Со музика ги потпиша документите за развод и славеше долго за повторната слобода (ВИДЕО)

Слободен човек!

Треба ли човек да слави или да тагува кога се разведува? Веројатно зависи од случајот! Овој неименуван човек конечниот развод го прослави со оркестар пред канцеларијата, каде го стави својот потпис, со што заврши некогаш ветувачката љубовна приказна.

Сцената е снимена во мексиканската држава Коахуила, а генијалецот пристигна пред канцеларијата насмеан од уво до уво и расположен за песна.

Тој ја замолил групата да ја придружува церемонијата со хитот „Cabrón y Vago“ (Гад и пропалица), а снимките сведочат дека тој бил среќен во канцеларијата како мало дете затоа што повторно станува слободен човек.


За жал, локалните медиуми не успеаја да откријат какво страдање стои зад него и колку долго траело, како и дали неговата поранешна сопруга можеби правилно го прославила разводот.

Патем, песната „Cabrón y Vago“ во текстот сугерира дека тој самиот бил непослушен, но мора да ја дозволиме можноста славеникот да ја нарачал од иронија.


Фото и Видео: Фејсбук