Со БМВ кое “лета“ се заби во контејнер и ги искрши паркираните возила ВИДЕО

Иако наликува на режирана филмска потера, не се работи за контролирани услови.

Снимката од балкон на улица во Аликанте, Шпанија започнува со непознато лице кое става контејнер за ѓубре на сред улица. Недолго потоа буквално минува BMW X5, кој не кочи пред пречката. Напротив, со полна брзина удира во контејнерот, а потоа откако возачот губи контрола над возилото удира во неколку паркирани автомобили.

Епилогот од несреќата открива дека ова не е инсценирана сцена на некој иден акционен спектакл. Од БМВ-то излегуваат неповредени. Наскоро жителите на улицата излегуваат. Едниот вика „Викнете полиција!“, а другиот шокирано плаче: „Боже, мојата кола“.

Шпански Ел Периодико открива што се случило овде. Велат дека се работи за конфликт меѓу две семејства кој започнал пред неколку недели, а кулминирал ден пред оваа несреќа. За време на тој конфликт полицијата пристигнала на време и ја смирила ситуацијата, но судејќи по видеото, некои членови на конфликтните страни не се оладиле ниту ден подоцна.

Не е познато како завршил конфликтот. Иако нема повредени, сигурно некој завршил зад решетки.


ФОТО: Screenshot: Reddit