СО ХАЛКБАНК ВО ГРАДСКИ ПАРК НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО

Интересни пораки за другарството, екологијата, за штедењето утрово осамнаа низ скопскиот Градски парк, како дел од одбележувањето на 31 Октомври, Денот на штедењето. Целодневна едукативно-забавна програма во рамките на настанот „Среќата е во малите чекори“ денеска го организира Халкбанк АД Скопје. Програмата почнува во

13 часот и ќе трае до 18.30 часот. Целта на настанот е да се поттикне штедењето во секојдневниот живот, особено меѓу најмладата популација. Со карванот на Халки, Халкбанк организираше активности во текот на октомври низ цела Македонија.

- Стотици ученици од основни училишта од Гевгелија, Битола и Куманово имаа можност со Халки да се запознаат со финансиските поими. Кога тие се пренесени на симпатичен и прилагоден начин за нивната возраст, децата лесно ги учат. Преку карванот ја креваме свеста за финансиската писменост и штедењето, но и ги учиме децата на различностите, за вредноста на другарството и детската игра. „Букварот на Халки“ е наше најново издание наменето за децата. Станува збор за навистина интересно и креативно решение во кое се дефинирани бројни финансиски поими низ слики, многу бои и забавни содржини. Промоцијата на „Букварот на Халки“ е еден од денешните настани во Градскиот парк во Скопје – вели Маја Наумовска-Савеска од Халкбанк АД Скопје.

Програмата почнува денеска во 13 часот со отворена детска работилници на тема „Среќата е во малите чекори“. Следува музички блок со најголемиот другар на децата, слончето Халки. Во 16 часот е закажана промоција на „Букварот на Халки“, проект работен во соработка со креативната агенција „Ефектива“. Во 17 часот ќе бидат претставени „Идолите на Халки“, 12 исклучително талентирани деца од Македонија – Марио Брезовски (триатлонец), Христијан Арсов (дете со натпросечна интелигенција), Виола Имери (балерина), Талиа Василова (пејачка), Ѓорѓи Чешмеџиевски (шампион во местење рубикови коцки), Ана Велкоска (виолончлистка), Јана Кепеска (балерина), Андреи Калин (првак во шах), Елвира Јангеловска (првак во ритмичка гимнастика), Димитар Рангачев (талент за местење лего коцки), Марија Џинова (ликовен талент) и Сара Јанковиќ (пливачка). Серијалот од 12 видеоприказни беа работени во соработка на Халкбанк и порталот Умно.мк. Претставник од банката ќе им врачи на талентите детски штедни книшки. Манифестацијата ќе заврши со музички блок со Халки.

Халкбанк АД Скопје е најбрзорастечка и една од петте најуспешни банки во Македонија. Таа е значајна и како компанија која има цврста корпоративна политика со јасна визија за поддршка на општеството. Многу од нејзините платформи се однесуваат на едукацијата на децата, на подигнување на еколошката и културната свест, поттикнувањето на здравиот живот и спортските навики. На овие области им се придружува и финансиската едукација на најмладите.

ПР објава