Со коронавирусот заразен лидерот на една владејачка партија во Италија

Нема дилема дека коронавирусот зазема замав, посебно во Италија која е најмногу погодена. И не поштедува никого.

Италијанските медиуми пишуваат дека заразен од коронавирус е и лидерот на Демократската партија, Никола Зингарети.

„Лекарите ми кажаа дека сум позитивен на Ковид-19. Добро сум, но морам да останам дома. И понатаму ќе работам. Бидете храбри и се гледаме наскоро“, објави тој на социјалните мрежи.