„Со почитување на мерките и до 240.000 жртви. Без тоа, 2,2 милиони“
Белата куќа проценува дека меѓу 100.000 и 240.000 луѓе ќе починат во САД како резултат на коронавирусот.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди Американците дека следат „две многу тешки недели“ во борбата против ширењето на коронавирусот и ги повика да ги следат упатствата за социјална дистанца до крајот на април.
„Апсолутно е клучно за американскиот народ да ги следи упатствата во наредните 30 дена. Тоа е прашање на живот и смрт“, рече Трамп на прес-конференција во Белата куќа.
Тој додаде дека сака „секој Американец да биде подготвен за тешките денови што претстојат“, пренесува АП.
Меѓутоа, Трамп смета дека САД наскоро ќе видат „светло на крајот од тунелот“.
САД се на првото место во светот по бројот на заразенивирусот. Во земјата се регистрирани 185.707 лица, со починати 3.789 лица, според најновите податоци на сајтот Worldometers.
Смртноста без акција би можела да биде многу поголема, со некои проценети 1,5 до 2,2 милиони жртви, рече Трамп.