Со помош на Фотошоп создаде „совршена жена“: Погледнете како изгледала на крај (ВИДЕО)

Дали е можно да се фотошопира совршено женско лице со додавање на најдобрите делови од други познати жени? Фотошоп мајсторот од YouTube каналот „PhotoshopSurgeon“ се обиде да го направи токму тоа.

Неговата совршена сопруга ја имаше косата на Кејт Мидлтон, јаготките на Кира Најтли, брадата на Гвинет Палтроу, носот на Кејт Бекинсејл, очите на Шерил Кол, усните на Анџелина Џоли и веѓите на Меган Фокс.

Во неговото видео можете да видите како го направи тоа и како изгледаше конечниот резултат.