Со телефон ја скенирал тетоважата на своето тело и се слушнал машки глас: Сите се прашуваат како е можно ова? (ВИДЕО)
Технологијата му овозможи да го зачува споменот на својот дедо.
Се чини дека тетоважите денес се попопуларни од кога било. Многумина одлучуваат да посветат тетоважа на своето тело на саканата личност.
За тетоважа која ќе ја носат на своето тело до крајот на животот, најчесто луѓето избираат слика која има одредена симболика и посебно значење.
Вкусовите се различни, додека некои сакаат мали дискретни тетоважи, други се одлучуваат за големи портрети или слики на светци или животни кои зафаќаат голема површина од телото.
Едно момче дошло до интересна идеја. На раката има истетовирано звучна тетоважа. Кристофер Вејн сподели необична тетоважа на нацртана звучна датотека на неговиот профил на Тикток која навидум функционира како и секоја друга тетоважа. Но, кога ќе го скенира со мобилниот телефон, се слуша гласот на неговиот дедо.
- Здраво... Ова е Били Хјуз од Гладстон. Се што треба да направите е да ја ставите топката во устата на кловнот бидејќи веќе оди од едната на другата страна и оние кои ќе постигнат најмногу поени ќе добијат награда - рекол машкиот глас.Вејн објасни дека звукот е од 1960 година кога неговиот дедо работел на саемот. Тиктокер решил да го зачува тој момент и гласот на дедо му, кој го истетовирал на раката.
Коментарите само постојано доаѓаа под објавата, а многумина беа воодушевени од неговиот гест.
Погледнете подолу за повеќе детали:
@dadjokemagic The tattoo on my arm is a sound wave, with actual data in it. The sound wave is a recording of my Grandfathers voice from the 1960’s. He was the actual “roll up roll up” guy in the touring carnival. That’s where I get my showbiz genes from. Tattoos are always personal, but I love being able to carry my Grandfathers actual voice wherever I go. #tattoo #tattoos #soundwave #grandfather original sound - Christopher Wayne