„Со вакво деколте сака да улови нов маж“: Џеј Ло ги покажа градите во најминијатурен фустан, а луѓето ја осудуваат
Познатата пејачка Џенифер Лопез дефинитивно знае како да го привлече целото внимание, дури и кога животот може да и изгледа како да се распаѓа. Сепак, Џеј Ло се чини дека од овој развод излезе посилна, а нејзините најнови фотографии на Инстаграм сугерираат дека зад себе оставила се што е поврзано со бракот.
Имено, Џенифер Лопез сподели неколку фотографии на кои позира во провокативен црн фустан во Лондон. 55-годишната убавица заслепува во ова црно, секси издание кое дополнително го истакна нејзиното бујно деколте, а сето тоа го надополни со црна машна под градите.
Сепак, иако повеќето беа воодушевени од нејзиниот изглед, имаше и такви кои негативно ја коментираа нејзината фотографија.
„Таа се обидува да најде нов маж“, „Не и прилега на мајка на две деца да позира вака“, „Таа сака да му покаже на Бен што изгубил“, „Очајно бара внимание“, се само дел од коментарите.
Дури и поранешниот сопруг Бен Афлек неодамна и даде комплименти, но не поради фустанот туку поради нејзиниот нов актерски ангажман. Станува збор за филмот 'Unstoppable' кој го продуцираше Афлек, а за чија промоција Џенифер Лопез моментално престојува во Велика Британија. Овој филм ќе биде премиерно прикажан на 6 декември во кината.