Сол за разладување: Еве како
Еве како да внесете свежина и да ја намалите температурата во домот за време на жешките летни денови
Првиот и основниот совет е да се задржи што е можно повеќе сончевата светлина и топлината надвор од домот со тоа што ќе ги држите прозорците затворени во текот на денот, и ролетните спуштени.
Затоа е неопходно да се проветруваат просториите ноќе и рано наутро. Вентилаторот исто така може да биде многу корисен за време на голема топлина, а потрошувачката на енергија ќе биде значително пониска отколку кога се лади со климатизери. За да може овој метод да го даде вистинскиот ефект, еве еден трик - земете неколку шишиња, наполнете ги со вода и во нив ставете две или три лажички сол во секоја од нив, а потоа ставете ги во замрзнувач преку ноќ.
Солта ја спушта температурата на која водата се замрзнува, така што ќе добиете шише со мраз. Наутро извадете ги и ставете ги пред вентилаторот. И, не заборавајте да ставите нешто под замрзнатото шише, бидејќи може да се наводени се‘ околу него. Исто така, се препорачува да не бидат вклучени многу електрични уреди затоа што зрачат со топлина. Исто, е и со осветлувањето.
1. Затемнете ги просториите
За време на најжешките периоди од денот, прозорците треба да се држат затворени и со спуштени ролетни. Исто така, препорачливо е да ставите бели или лесни завеси на прозорците, бидејќи на тој начин се рефлектира светлината.
2. Наутро и навечер задолжително туширајте се
Влажноста го прави просторот потопол. Затоа е препорачливо да се пере облеката рано наутро или доцна навечер и да се тушираме во текот на најстудениот период од денот.
3. Ставете мраз на зглобовите и вратот
Повремено, на зглобовите ставајте мраз, можете и на челото или вратот. Туширајте се со млака или ладна вода и кога ќе завршите, не користете крпа за да се избришете, оставете водата да испари сама.
4. Исклучете сè од струја
Кога не сте дома, се препорачува да исклучите што е можно повеќе електрични уреди. Кога сте дома, во најжешкиот период од денот, користете ги само оние уреди што навистина ви се потребни. На пример, користете ја машината за перење рано наутро или доцна навечер. Исто така, препорачливо е да се заменат обичните светилки со лед светилки. Осветлувањето значително загрева, а лед светилките се поладни.
5. Повеќе цвеќиња во затворен простор
Цвеќињата во затворен простор нема да помогнат да се олади просторијата во која престојувате, но многу се важни затоа што произведуваат кислород, отстрануваат непријатни мириси, така што воздухот ќе биде почист.