,

Солзите на Марија: отровни и лековити

Од природата имаме безброј придобивки ако знаеме да ги искористиме на вистински начин. На ова поднебје виреат многу видови на растенија кои се докажало дека се лековити и дека помагаат во многу болсти. 

Секако, некои од нив во првобитната форма можат да бидат и тоа како отровни и фатални за човекот, но затоа потојат професионалци кои синтетизирајќи ги, од нив ги добиваат вистинските благодети.

И отровна и лековита, кај нас ја имаме познатата Момината солза (Convallaria majalis). Цвета во мај. Има ѕвонести цветови. Сите делови од растението се отровни. Сепак, претставува лековито растение и се користи за лекување на срцеви болести. Околу 38 различни срцеви гликозиди се пронајдени во момината солза, меѓу кои: конваларин, конваламарин, конвалатоксини...

Момината солза или уште нарекувана како Крин на долината е издржливо повеќегодишно растение кое во мај воодушевува со мирисот на своите бели цветчиња. Во природата расте слободно на влажни и полусенковити предели и во светли листопадни шуми.
Има широки листови во форма на копје кои растат во пар, а од средината излегува стеблото накитено со мали бели цветови во облик на ѕвонче. Во земјата се наоѓа ризом кој релативно брзо се шири па затоа се препорачува да се сади како прекривка во деловите од градината кои се на сенка, а освен тоа поради густината на коренчињата го оневозможува растот на коров.
За жал ова растение и неговите црвени семки кои се развиваат на крајот на летото се многу отровни, па затоа внимателно. По контактот со него задолжително измијте ги рацете.

Инаку, во листовите и цветовите има и содржина на етерични масла, сапонини, смоли, органски киселини и шеќери. Тие имаат корисни својства кога се извлечени и обработени по правилен начин.

Во истовреме, Момината солза содржи отровни гликозиди, кои можат да бидат опасни за здравјето па се препорачува крајна внимателност.

Овде постои легенда според која се нарекува и Солзите на Марија

Христијанската легенда го поврзува настанокот на ова цвеќе со солзите на Богородица Марија што ги исплакала за време на распетието Христово. А, според некои толкувачи на легендите, ова се солзите на Ева што ги исплакала откако со Адам биле избркани од Еденската градина.

Симбол е на понизност и скромност во религиозното сликарство, но исто така го означува и второто доаѓање на Христос.

Еве и кои се придобивките од нежните цветови обработени на правилен начин:

- Момината солза влијае поволно на кардиоваскуларната активност. Таа го забавува срцевиот ритам и има благотворно дејство врз артериите.

- Момината солза дејствува како диуретик и предизвикува често мокрење, особено кај луѓето со неврози и кардиоваскуларни болести.

Н.Т.