Сонуваме за земја во која ќе работиме помалку, висока плата, долг живот: Епа, постои таква земја

Сите сонуваме за земја во која ќе работиме помалку, ќе заработуваме повеќе и ќе живееме подолго. Можеби ова место изгледа како земја на соништата, но официјалната статистика вели дека постои.

Параметрите земени предвид од Истражувањето за квалитетот на животот на Универзитетот во Оксфорд при рангирањето на земјите го вклучуваат просечниот број на работни часови неделно, должината на годишниот одмор, процентот на жители кои добро спијат, очекуваниот животен век и чувството на испитаниците за среќата во секоја земја вклучена во истражувањето.

Врз основа на поставените критериуми, Луксембург е на врвот, меѓу другото и благодарение на системот во кој работодавците ги наградуваат вработените со поголем годишен одмор колку што се постари. Просечната плата е од 5000- до 6000 евра. 

Така, работниците над 55 години во оваа земја имаат просечно 36 дена платен годишен одмор. А, повеќето работат само 6 часови дневно.

Австрија и Данска, кои се рангирани соодветно на второто и третото место, на работниците им даваат минимум 25 дена платен одмор годишно.

ОВА СЕ 10-те ЗЕМЈИ чии жители најмногу уживаат во животот:

Луксембург

Австрија

Данска

Норвешка

Финска

Шведска

Франција

Белорусија

Холандија

Швајцарија

ОК е рангирана на 17-тото место благодарение на разумната просечна работна недела од 36 часа неделно, релативно високиот животен век од 81,2 години, а повеќе од половина од испитаниците рекле дека спијат во просек 7,5 часа навечер, што е добар резултат .

Интересно е што Соединетите Американски Држави се нашле на 87. место, меѓу другото и затоа што на работниците воопшто не им се гарантирани деновите за платени одмори, а дел од населението е незадоволно од квалитетот на сонот во текот на ноќта.

Од друга страна, Кина, Мексико и Малезија се екстремно лошо рангирани, бидејќи во сите три земји просечната работна недела е 46 часа. Бидејќи работното време е значително подолго, би очекувале вработените да добијат повеќе слободно време.

Сепак, тоа воопшто не е така, бидејќи добивате само 5 дена годишен одмор во Кина, 6 во Мексико и 8 во Малезија.

За Македонија си знаеме