Сопругот го делам со двојничка: Ме изневеруваше, па ја најдов мојата копија и го спасив бракот, ние тројца го делиме креветот и никогаш не сме биле посреќни

Техмен Квинтан, која ја пронашла својата двојничка за да го спаси нејзиниот брак, сведочи дека љубовта нема граници.

Таа сакаше да го спаси бракот

Таа била скршена кога дознала дека нејзиниот сопруг Брајант Кинтана ја изневерил по три години брак. Со надеж дека ќе го спаси бракот, таа решила да му понуди отворена врска.

- Порано Брајант не беше верен. Чувствувам дека ако си со маж, треба да направиш се што е потребно за тоа да успее. Го посакувам до крајот на мојот живот. Што сака, што го прави среќен, ќе му дадам - ​​изјави Техмена во емисијата „Љубовта не суди“.

Сакам свој двојник

Техмена ја пронајде својата двојничка на социјалните мрежи, за да се приклучи на нивната полигамна врска и да го спаси бракот.

- Се чувствував несигурно кога баравме трет член од нашиот брак, но знаев дека тоа ќе го задржи Брајант. Праведно е да се каже дека барав девојка која личи на мене бидејќи тоа му се допаѓа на Брајант - признава оваа посветена сопруга.

Техмена после извесно време успеа да ја пронајде австралиската манекенка Кирија Џонсон, која е нејзина копија.

Девојките се идентични

И двете девојки имаат слична градба, а стилот на облекување им е речиси ист. Воодушевувачки со големи гради и бујни трепки.

- Тоа беше пријателство на почетокот - објаснила Кирија, а открила дека нивната врска брзо преминала во сексуална. Кирија неофицијално се приклучила на бракот, а триото дури дели и кревет.

– Кога излегуваме во јавност, секогаш не прашуваат дали сме сестри или близначки – рекла таа. Двојничките дури почнале да носат иста облека за да ги нагласат нивните чудни сличности.

Кирија и Техмена исто така споделуваат сметка на OnlyFans каде објавуваат провокативна содржина за нивните следбеници. Техмена, која на крајот излезе како бисексуалка, вели дека не е љубоморна на привлечноста на Брајант кон Кирија поради тоа колку се слични.

Всушност, жената вели дека доаѓањето на Кирја направило чуда за нејзиниот брак и ја спасило заедницата.

- Тоа дефинитивно не направи посилни. Таа е алката што недостасува – додаде таа.

Брајант е ентузијаст за нејзината идеја истакна дека повеќе нема да се впушта во вонбрачни афери.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Извор: Kurir.rs