Сопственик на ресторанот почна да наплатува влез: „Немав избор, гостите го разбираат тоа“

Сопственикот на еден ресторан вовел плаќање карта до објектот за секој гостин што ќе дојде да јаде, освен ако не се работи за деца.

Билетот чини три евра, а причината е драстичниот раст на сите влезни трошоци - од намирници до енергија.

Хорст Ингендорн, сопственик на ресторан во германскиот град Ретингер, за WDR изјави дека нема избор.

„Месото е поскапо за 30 до 50 отсто, зеленчукот за 30 отсто. Маслото за готвење поскапе за повеќе од 100 отсто, а трошоците за енергија за 2.000 отсто“, се пожали тој.

„Во еден момент повлеков рачна и реков дека сега морам да направам нешто. Наместо да го сменам менито и да ја зголемам цената на водата и другите услуги, решив да ги воведам тие три евра“, објаснува германскиот угостител, а пренесува Пословни дневник.

„Гостите со кои разговарав го разбираат тоа и мислам дека отвореноста и искреноста се всушност прилично добри“, вели Ингендорн.


Фото: unsplash