Совет од Неда Украден кој ја менува судбината на секоја жена: Кога ќе го разберете ова - сè ќе ви тргне на подобро
Неда Украден е жена која е на врвот на нашата музичка сцена веќе 50 години. Заедно со извонредна кариера, таа има и богат семеен живот, но и изглед за кој се зборува. Мора да ги прочитате нејзините совети.
Кога ќе чуете дека некој си ја работи работата многу успешно половина век, тогаш знаете дека имате доследна и упорна личност која не познава пречки. Неда Украден е токму таков тип жена: махерка на работа, а дома нежна и самопожртвувана мајка и баба, која дури и во осмата деценија од животот многу се грижи за себе и за својот изглед.
Најпозната и најуспешна поп-пејачка штотуку го прослави својот 75-ти роденден, а за „Стајл“ раскажа како поминала прославата и што ја научиле изминатите години.
Нејзините совети треба да ги прочита секоја жена, бидејќи ако го разберете ова - можете да го промените вашиот живот на подобро.
Неда открила дека прославата била онаква каква што најмногу неа и се допаѓа - во кругот на семејството и најблиските пријатели. Имало многу смеа, музика, танцување и добра песна.
За години и мудроста која ја и ја донела осмата деценија, таа вели:
„Научив дека ништо не треба да се зема здраво за готово. Секој ден е подарок, а секој момент со драги луѓе е најголемото богатство. Исто така, дека ништо не треба да се одложува - ако сакате да му кажете на некого дека го сакате, кажете го тоа сега, ако сакате да направите нешто за себе, направете го тоа сега“.
Како најдраг роденден на кој секогаш се сеќава е роденденот кој го прославила во Белград, кога нејзините пријатели и приредиле големо изненадување со дајриња.
„Тоа време носеше посебна енергија на заедништво, љубов и искрено пријателство“.
Ќе каже дека најблагодарна досега во животот е за нејзиното семејство.
„Моите внуки и внук се мојата движечка сила и мојата радост, а ќерка ми и зет ми се поддршка. Исто така, сум благодарна на публиката што ме следи со децении и што ми дава смисла во сè што правам. Љубовта што ја добивам од нив е непроценлива“.
Неда Украден има совет за сите жени совет кој треба да го
практикуваат.
„Кога се сакате себеси и ги почитувате вашите граници, тогаш навистина можете
да ги сакате и другите. Исто така, никогаш не се откажувајте од вашите соништа
- јас сум доказ дека возраста не е пречка за нови песни, нови настапи и нови
достигнувања“.
Во живото сила и инспирација црпи од љубовта, вели кога го правиш она што го сакаш, не старееш, туку се обновуваш. Секако, дисциплината, редот, работата и малку генетика исто така помагаат.
За фотографиите во костим за капење на кои изгледа совршено и покрај тоа што е во осмата деценија, Неда ја открива тајната на нејзината исхрана.
„Сакам да јадам и да уживам, но сакам и да се грижам. Моето мени се базира на многу зеленчук, риба, пилешко, овошје. Ретко јадам леб, слатки во умерени количини. Сакам да играм тенис со мојот внук. Тоа е мојот рецепт – ништо екстремно, туку доследност и дисциплина“.
Фото: ИнстаграмИзвор: Stil.kurir.rs