Спакувал мачка во куфер, па тргнал на патување со авион: Имал бизарен изговор на аеродром
Со текот на годините, познато е дека работниците на аеродромите гледаат се‘ и сешто во куферите на патниците, но велат
дека ретко наоѓаат животно во торба што поминала чекирање.
Фотографии од куфер од аеродромот ЏФК во Њујорк станаа вирални поради содржината на багажот.
При проверка на куфер кој требало да патува со сопственикот во Орландо, на рендгенот бил забележана мачка.
Контурата била во природна големина бидејќи навистина била вистинска мачка, жива и неповредена, иако била напикана во куферот.
Со текот на годините, познато е дека работниците на аеродромите гледаат се‘ и сешто во куферите на патниците, но велат дека ретко наоѓаат животно во торба што поминала чекирање.
Патникот, кој патувал со авион на „Делта ерлајнс“, бил повикан да излезе и да објасни зошто го има животното во багажот. На обезбедувањето му рекол дека мачката не е негова. Тој истакна дека животното е на некој друг од неговото домаќинство и „најверојатно скришно влегла во куферот“.
Патникот морал да го пропушти летот.
Фото: Twitter/TSA