Сподели шокантна фотографија од трансформацијата на телото пред и по коронавирусот
Еден маж од 43 години од Калифорнија сподели шокантна фотографија пред и по скоро двомесечниот престој во болница за коронавирус.
Мајк Шулц, медицински техничар во Сан Франциско без претходни здравствени проблеми, тежеше околу 85 килограми и вежбаше секој ден. Но, откако изгуби повеќе од 22 килограми среде битката со коронавирусот, тој реши да сподели две фотографии со своите 30 000 следбеници на Инстаграм - едната направена еден месец пред да се разболи, а другата од болницата.
„Сакав да покажам дека може да му се случи на секого. Не е важно дали сте млади или стари или ако имате претходни заболувања, тоа може да ви се случи и вам“, рече Шулц за „BuzzFeed“. „Мислев дека не беше толку сериозно сè додека не започнаа да се случува пеколот. Мислев дека сум доволно млад за да не бидам засегнат и знам дека многу луѓе мислат дека тоа е така“.
Шулц рече дека е исцрпен само затоа што станал кратко за да се фотографира. „Бев толку слаб. Најмногу ме фрустрираше. Не можев да го држам мобилниот телефон - беше толку тежок. Не можев да пишувам затоа што рацете ми се тресеа толку многу“.
Шулц, кој отиде во болницата на 16 март, исто така, целосно го изгуби осетот за време. „Мислев дека е само една недела“, рече тој.
Тој пристигнал во Бостон на 14 март - една недела откако присуствувал на фестивал во плажа во Мајами од која најмалку 38 лица подоцна беа тестирани позитивно за коронавирус, а тројца починаа.
Неколку дена откако пристигна во Бостон, тој започна да се чувствува навистина лошо и се упати кон болницата. Имал треска и белите дробови му биле исполнети со течност.
Шулц доби кислород, беше на респиратор и под дејство на лекови. Подоцна бил преместен во поголема болница, каде бил интубиран четири и пол недели. Како што вели „скоро како да бев во кома„.
Шулц конечно беше отпуштен од болницата минатата недела по 57 дена и рече дека ужива во два двојни чизбургери, помфрит и шејк од јагода што тој го нарача во Мекдоналдс.