Спрема дамите, пивските стомаци се повторно во мода

Судејќи според најновото истражување спроведено со членови на интернет-страница за запознавање, скоро 75% од слободните дами одговориле дека сакаат пивски стомак кај маж или „неправилна физиономија“ ...

Сајтот за рејтинг неодамна ги претстави своите резултати добиени од припадничките, откривајќи дека повеќето слободни припаднички на понежниот пол сметаат дека овој тип структура на телото е многу посакуван. И покрај тоа, повеќе од 20% од анкетираните корисници исто така изјавија дека типот на телото не е толку важен кога барате партнери. Според страницата, тие се обидуваат да се фокусираат на личноста наместо на изгледот.

Само 15% од членовите ги споделија своите афинитети кон типовите на тела на Барби или Кен, кога станува збор за излегување со луѓе на кои се стремат. Марија Саливан, потпретседател на страницата Dating.com, ги коментираше овие резултати.

"Филмовите и ТВ се стремат да промовираат совршени типови на човечки тела, давајќи им на сите масовна идеја дека треба да изгледаат слично за да го пронајдат својот партнер. Ние сме многу горди да потврдиме дека ова не е системот според кој реалниот свет работи. Без оглед од вашиот тип на тело, вашите сродни души се дефинитивно на нашата страница и можеме да ви помогнеме да ги пронајдете “.

Исто така, сите корисници на услугите на оваа страница за запознавање, кои веруваат дека имаат пивски стомак, започнаа масовно да го ставаат овој факт во своите биографии и полека стануваат сè погорди со своите физиономии. Од друга страна, голем е бројот на испитаници кои изјавиле дека се подготвуваат за теретана и сериозен тренинг со цел следното лето да го пречекаат во совршена форма.