„Среќата сака тишина“ - Зошто никогаш не треба да ги откривате вашите планови и желби, дури ни на најблиските
Дали некогаш сте забележале дека јавноста многу малку знае за животите на навистина богатите и успешни луѓе?
Иако поседуваат приватни авиони и вили на егзотични локации, тие често се облекуваат скромно и избегнуваат јавна помпа. Дали знаете зошто е тоа? На прв поглед, многумина би помислиле дека тоа се должи на нивната алчност или страв да станат мета на крадци.
Сепак, вистинската причина лежи подлабоко. Еден успешен човек го објасни овој феномен со зборови - вистинскиот успех не е да го славиш со сите ѕвона и да го споделиш со сите. На пример, неговите ќерки не знаеле дека нивниот татко поседува приватен авион додека не наполниле 30-ти години.
„Ако сакате да ја избегнете зависта на другите, прифатете го молкот“, велеа нашите баби. Никој не треба да ги знае вашите планови, желби, цели, успеси и неуспеси. Не треба никому ништо да објаснуваш. Ако на сите им ги откриете вашите планови, ја губите мистеријата и предизвикот што ги носи.
Сите веќе знаат што сакате да постигнете, па мотивацијата за работа кон тие цели е изгубена. Од друга страна, веќе сте ги импресионирале другите луѓе со вашите амбиции, иако можеби тоа не го ни знаете.
Запомнете:
1. Не е неопходно на сите на социјалните мрежи да им покажувате дека сте среќни.
2. Не е неопходно на сите да им покажете дека сте депресивни за да поправите нешто.
3. Не е неопходно на сите да им ги откривате плановите и желбите за да ги постигнете.
4. Не ви треба туѓо одобрение за да почнете да правите нешто.
5. Нема потреба да го промовирате својот живот на социјалните мрежи за да им докажете на другите дека нешто правите.
6. Не треба да го објаснувате и докажувате вашиот успех.
7. Потребна ви е тишина.
Ќе забележите дека ќе се чувствувате многу подобро, понезависни, позадоволни и посмирени. И што е најважно, ќе ги постигнете своите цели без да мора да ги споделите со светот.
Фото. Фрипик