Стан во Белград – хит на социјалните мрежи: Изнајмување 300 евра, мебел од минатиот век, а сите коментираат за кујната

Со растот на цените на недвижностите, скокнаа и цените на изнајмување насекаде, особено во Белград.

Дел од станарите, но и оние граѓани кои бараат станови, се гневни поради наглиот скок на кириите.

Експертите за недвижнини предупредуваат дека една од главните причини за покачување на кириите е војната во Украина

Граѓаните кои бараат станови најчесто објавуваат фотографии од станови за издавање на социјалните мрежи и коментираат колку одредени кирии се нереални во однос на станот, односно за изгледот на станот, мебелот, локацијата.

Имено, овој пат во група за изнајмување станови на социјалната мрежа Фејсбук се појави фотографија од станот која ги шокираше, но и ги насмеа членовите на групата.

- Момци, морав да го споделам ова со вас. Вели „кујна“.

Оваа фотографија предизвика и лавина коментари од членовите на групата.

- Тажно - напиша еден член од групата:

-Шокирана сум, станот е 300 евра. Погледнете го мебелот, па ова никаде го нема во Белград – се наведува во друг коментар.

-Барав стан за живеење, но кога ги видов цените се откажав. Многу, ама навистина премногу е, а најлошото е што некои мораат да изнајмат - коментира еден корисник на оваа социјална мрежа, пренесува Курир.


Фото: Фејсбук