СТАНА И КРИМИНАЛЕЦ! Силвестер Сталоне доби бугарски пасош дури и без да знае за тоа
Неколку бугарски државјани осомничени дека припаѓале на организирана криминална група која фалсификувала пасоши, правила и продавала лажни бугарски документи, евра и американски долари, се уапсени во земјата, соопштија бугарските власти.
Меѓу запленетите документи имало и лажен пасош со слика на американскиот актер Силвестер Сталоне познат по филомовите Рамбо и Роки. Деветмина се уапсени, а против четворица веќе се покренати обвиненија и тие се притворени до 72 часа, пренесуваат бугарските медиуми.
Силвестър Сталоун се сдоби с бг паспорт, без да знае https://t.co/RNngnwuFPu
— Novinite BG (@novinitebg) January 29, 2021
Бугарските власти пребаруваа 30 локации во заедничка акција со Агенцијата за полициска соработка на ЕУ (Европол) и Американската тајна служба, соопштија обвинителите. Пронајдени се 360 000 американски долари и 410 000 евра.
Запленета е и поголема количина фалсификувани банкноти од 50 евра и 100 долари.