Станал „милионер“ преку ноќ: Банкоматот му дал пари кои ги немал на сметка, земал милиони па завршил позади решеки
Според
приказната, една ноќ, додека Ден Сондерс седел во бар со пријателите во родниот
град Вангарата во близина на Мелбурн, накратко излегол за да подигне готовина
од најблискиот банкомат. При внесувањето на податоците, тој случајно открил
дека банкоматот му дозволува да подигне многу повеќе пари отколку што
имал на сметката.
По неколку обиди, 29-годишникот сфатил дека нашол „дупка“ во системот и за кратко се збогатил. Во измама која траела пет месеци, Ден успеал да потроши околу 1,6 милиони долари од парите на банката. Тој организирал раскошни забави, изнајмувал приватни авиони и им плаќл школарина на пријателите додека, секако, не беше фатен од полицијата.
Тој за VICE опиша како сфатил дека банкоматот дава пари, а состојбата на неговата сметка останувла иста.
-Бев надвор таа вечер, се обидов да префрлам пари од кредитна картичка на штедна книшка и да го проверам салдото на мојата сметка, но банкоматот постојано ми велеше: „Состојбата е недостапна во овој момент“. Сè уште кликнав за да го направам трансферот и на банкоматот ми рече „трансакцијата е откажана“ и ми ја врати картичката. Мислев дека нешто не е во ред, па одлучив да се обидам да извадам 200 долари од мојата штедна книшка само за да видам што ќе се случи. Тогаш банкоматот ми даде голема сума на пари, па се вратив во барот и продолжив да пијам. Откако излегов од барот, додека одев накај дома, поминав покрај истиот банкомат. Размислував колку е чудна целата ситуација, па повторно се обидов со истата постапка. Префрлив уште 200 долари и искеширав. Потоа 500 долари, па 600 долари, само да видам што ќе се случи. Тоа беше како магичен трик, изјави Ден.
Тој додал дека мислел кога се разбудил следното утро дека сето тоа го сонувал, па се јавил во банка за да добие извод од состојбата на сметката. Тогаш сфатил дека има разлика помеѓу она што му го дал банкоматот и салдото во банката, што значело дека се што вадел од штедната книшка воопшто не било преземено или регистрирано. Сфатил дека кога прави трансфер од својата кредитна и штедна сметка во исто време кога банкоматот е офлајн (помеѓу 1 и 3 часот наутро), може да добие пари што ги нема.
Ден почна да вади стотици долари за една ноќ. Дури и кога неговото „вистинско“ банкарско салдо паѓало сè повеќе и повеќе, тој продолжил.
Потрошил вкупно околу 1,6 милиони долари користејќи го својот систем за измама.
Но, на крајот, се „вклучила“ неговата совест по што му се доверил на својот терапевт кој го советувал да се предаде. Често сонувал дека е уапсен и имал кошмари.
На крајот Ден сепак бил уапсен и обвинет за 111 точки за измама и кражба. Во мај 2016 година, тој го напуштил затворот откако поминал една година позади решетки - и се вратил на работа во бар за 12,50 долари на час.
Фото: Freepik