Ларс Мотза доби потврда од Гинисовата книга на рекорди дека има најдолго стапало кај сите машки тинејџери во светот
Има многу потешкотии кога му требаат нови чевли, затоа што ова 16-годишно момче го носи бројот 57 - и заради должината на нозете влезе во Гинисовата книга на рекорди. Тој доби и сертифицирана потврда од таму.
Неговите стапала се долги околу 35 сантиметри, изјави Ларс за Dpa. Повеќето од неговите чевли треба да бидат направени по мерка, по цена од околу 1.200 евра за пар, рече неговата мајка.
Специјалните чевли достигнуват цена и дури над 2.000 евра.
Уште веднаш по раѓањето, Ларс го изненади болничкиот персонал кога ги измериле неговите сапала долги 9,5 см, рекоа неговите родители.