Старо е 57.000 години, нема да верувате како изгледа

Замрзната, ослабена волчица пронајдена во северна Канада е стара најмалку 57.000 години, соопштија канадски научници

Скриена во вечниот мраз од десетици илјади години, женско младенче волк беше откриено од копач на злато во близина на градот Досон во државата Јукон во 2016 година.

Оттогаш, Канаѓаните го нарекуваа Жур, што значи волк, на јазикот на локалното население Трондек Хвеших, пренесува Би-Би-Си.

Научниците велат дека младенчето, чија коса и заби останале недопрени, е најкомплетната позната мумија волк.

- Волкот е практично стопроцентен недопрен, едно нешто што недостасува се неговите очи - рече за „ЕурекАлерт!“, професор Џули Мичин, палеонтолог и професор по анатомија на Универзитетот во Ајова.



Користејќи различни технологии, тимот успеа да открие бројни аспекти од животот на младенчето, почнувајќи од неговата возраст и веројатната причина за смртта.

Наодите, објавени во „"Журнал за денешната биологија“, покажуваат дека младенчето и нејзината мајка јаделе риба, претежно лосос.

Со ДНК анализа и испитување на слоевите на нејзините заби, научниците открија дека таа најверојатно живеела пред 56.000 и 57.000 години.

Х-зраците, во меѓувреме, откриле дека младенчето било старо помеѓу шест и осум недели кога починало.

Студијата покажа дека откривањето на фосили на волци често се наоѓа на Јукон и блиската Алјаска, но скоро недопрените остатоци од поголеми цицачи се ретки.

- Веруваме дека младенчето било во дувлото и умрело во моментот кога пештерата се срушила - рече професорот Мичен