Сте се запрашале ли колку луѓе слават роденден во ист ден со вас: Го имаме одговорот

Можете ли да се сетите на некој чиј роденден е ист ден со вашиот? Сигурно сте пребарувале на Google за познати личности родени кога сте и вие. 

Вашиот роденден е секако посебен повод за вас, но сигурно знаете дека го делите со многу луѓе на планетата.

Сè уште е невозможно да се знае точниот број. Но, можеме да најдеме одреден просек. Ако го земеме бројот на луѓе на Земјата на 7,6 милијарди и ако го поделиме на 365 дена во годината, ќе добиеме бројка од околу 20,8 милиони луѓе кои слават роденден на истиот ден.

Сепак, некои датуми се малку почести, како што е 9 септември, додека родендените околу Нова Година и Божиќ се меѓу поретките. Посебна работа е кај тие кои се родени на 29 февруари, кои го слават роденденот секоја четврта година. Според проценките, нив ги има околу 5,2 милиони.

извор:krstarica.com