Стево се ожени со ТРИ СЕСТРИ БЛИЗНАЧKИ: „Јас сум дарежлив човек“

Кога сте во дилема – одлучeте се за две работи (ако се добри и позитивни - се разбира), па логично е да земеме три одеднаш кога сме во трилема, нели? Барем Стево веројатно се водел по тоа, па наместо една жена ќе ожени дури три. И тоа скоро исти! Близначки.

Ѕвездата на кениските друштвени мрежи Big Man Stevo деновиве стана светски познат откако пред медиумите во својата татковина ги откри плановите за венчавка, а потоа и на остатокот од планетата. Иако е во врска само два месеци, Стево наскоро планира свадба со своите девојки, идентични тројка близначки - сестрите Мери, Ева и Кејти.

„Јас сум дарежлив човек и се ми доаѓа „големо“.

„Искрен сум и не лажам. Никогаш не изневерував девојки. Ако предложив да додадеме трето лице во врската, тие ќе се откажеа. Роден сум да сакам повеќе жени одеднаш", додал Стево.

Тој е задоволен од моменталната ситуација и не планира да бара четврта девојка. А не дека тројката би му дозволила ...

„Ние сме едно среќно семејство и нема потреба да носиме некој нов во врската“, се согласиле сестрите, пишува „Дејли стар“. 

Новинарите се прашуваа дали Стево се плаши дека можеби нема да може да ги задоволи сите сестри.

„Не знам зошто луѓето мислат дека е тешко ха-ха. Имаме систем на ротација. Во понеделник сум со една сестра, во вторник со друга, во среда со трета... И заедно ги поминуваме викендите. Научете малку еден од друг и уживајте во животот“, зборува за крај Стево.

Во Кенија од 2014 година е во сила закон кој им дозволува на мажите да стапат во брак со повеќе од една партнерка, што младиот Стево буквално го искористи.


Фото: Youtube - printscreen