Стјепан Хаусер во прегратките на светската музичка дива: Погледнете како реагираше пејачката на изведбата на хитот од „Титаник“

На спектакуларниот концерт на Стјепан Хаузер се појави и светската дива Селин Дион, која несомнено уживаше во неговиот настап.

Хрватскиот виолончелист Стјепан Хаузер одржа концерт во Лас Вегас на кој присуствуваше и светската музичка дива Селин Дион, а фановите ја пречекаа со големи овации.

Стјепан во нејзина чест ја отсвири песната „My Heart Will Go On“, препознатливиот саундтрак на филмот „Титаник“, кој таа го сними.

Неговата изведба на култната песна особено ја трогна пејачката, која ја преплавија емоции, а кога песната заврши, таа стана и му аплаудираше на Хаузер. Кога сфатила дека и публиката ракоплеска по неа, се свртела и им се заблагодарила и со неколку бакнежи.

Иако Хаузер се обидел да ја убеди да излезе на сцената со него, пејачката сепак не се согласила.

„Имам сон. Мојот најголем сон е да настапам со тебе", и рекол Хаусер, а потоа и се заблагодарил.

„Ви благодариме што сте тука, тоа е голема чест за нас. Уживајте во остатокот од настапот“, рече тој.

Меѓутоа, подоцна таа се дружела со него во посебна просторија. Таа му кажала дека е негов голем обожавател и дека е воодушевена од неговото свирење.

Инаку, Селин веќе две години се бори со тешка дијагноза.

Фото: Инстаграм
Извор: Showbuzz.dnevnik.hr